Брза пита

Брза пита

Зорица ни откри рецепт за брза пита која можете да ја направите буквално по ваш вкус. И што е најважно, во зависност од состојките секогаш ќе ја приготвувате различно 🙂

Состојки:

  • 3 јајца
  • 1 чаша 0,2 дл млеко
  • 1 чаша 0,2 дл масло за јадење
  • 1 кафена лажица сол
  • 16 лажици брашно
  • 1 пециво
  • сирење, спанаќ, праз, салама, кашкавал и друго по желба

Начин на готвење:

  1. Јајцата, млекото, маслото за јадење, солта, брашното и прашокот за пециво се стават во длабок сад и се матат со миксер додека не се соединат во компактно тесто.
  2. Потоа ги додаваме состојките со кои сакаме да ја подготвиме оваа пита. Ние ставивме од она што го имаме во фрижидер.
  3. Сè се меша со дрвена лажица и се става во тава.
  4. Се пече во претходно загреана рерна помеѓу 25 и 30 минути на температура 200 степени.
  5. На крај сервирајте во голема чинија и украсете ја. Ние украсивме со чајна салама од Пекабеско.

Превкусно! Готви со љубов.