Песок торта

Песок торта

Овој сладок специјалитет ни го испрати Ани која вели дека често ја прави оваа торта поради тоа што е многу вкусна, но и поради брзината со која го подготвува ова благо совршенство. Еве што ви е потребно.

Состојки:

  • 300 гр мелени лешници
  • 300 гр кокос
  • 250 гр маргарин или путер
  • 700 гр шеќер
  • 1,5 литар млеко
  • 350 гр мелени кекси
  • 6 пудинга од ванила

Начин на готвење:

  1. Ставете го млекото во сад за варење. Заедно со млекото додајте го и пудингот. Мешајте додека да се згусне и оставете додека да се олади филот. Филот поделете го на 3 дела во посебни садови.
  2. Се мати путерот/маргаринот и подеднакво се додава во трите сада со пудинг. Продолжуваме со матење.
  3. Во едниот сад ги додаваме мелените кекси, во вториот кокосот и во третиот мелените лешници.
  4. Во калап за торта прво се става смесата со кекси, врз неа филот со кокос и најодозгора филот со мелените лешници.
  5. Вака подготвената песок торта ставете ја во фрижидер неколку часа за да се добие компактност. Потоа, извадете ја од калапот.

Готви со љубов и уживај во храната 🙂

Прочитај Gotvi.mk поврзани рецепти:

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО: Рецепт за панакота со јагоди

ВИДЕО: Рецепт за брз домашен чоколаден ролат

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

Шлаг од јагоди – вистински пролетен специјалитет

Неговото височество: Топло – ладен колач

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет