Пастрмка на охридски начин

Пастрмка на охридски начин

Соња повторно во акција. Таа денес ни испраќа рецепт за подготовка на пастрмка на охридски начин. Еве што ви е потребно:

Состојки:

  • 4 пастрмки
  • маслиново масло
  • лимон
  • лук
  • магдонос

Начин на готвење:

  1. Пастрмките се чистат и се мијат убаво.
  2. Се сечат на парчиња и се редат во тава на хартија за печење.
  3. Маринираме со маслиново масло, лимон, лук и магдонос и оставаме да отстои 15 минути.
  4. Вака подготвени, парчињата пастрмка ги покриваме со хартија за печење и ги ставаме да се печат во рерна околу 15 мин.
  5. Ја тргаме хартијата одозгора и враќаме во рерна да се пече уште 5 минути на температура од 250 степени.
  6. Се послужува со печен млад кромпир и салата од блитва и прокељ.
  7. По желба и со чаша вино 🙂

Добар апетит!

singlepost_text