Куглоф проја со спанаќ и семиња

Куглоф проја со спанаќ и семиња

Калапот за куглоф е вистинско чудо, а во комбинација со одличните кулинарски способности на Јадранка Велковска овој рецепт станува вистинска уметност за душа и за очи. Еве како да го подготвите оваа куглоф проја:

Состојки:

  • 4 јајца
  • 300 мл млеко
  • 200 мл зејтин
  • 1 супена лажица сол
  • 1 прашак за печиво
  • 1 чаша (300 мл) бело брашно
  • 1 чаша (300 мл) пченкарно брашно
  • 1/2 чаша (300 мл) интегрално брашно
  • 200 гр сирење
  • 200 гр спанаќ
  • оригано, ленено семе, сончоглед (по желба)

Начин на готвење:

  1. Во сад се матат 4 јајца како за торта.
  2. Во садот ги додаваме останатите состојки.
  3. Содржината убаво се меша со лажица.
  4. Ставаме да се пече во подмачкан куглоф плех 30 минути на температура од 200 степени.

Рецепт за брза проја тука

Рецепт за Проја со сирење и праз тука

На здравје!

singlepost_text