Домаќински тост

Домаќински тост

Најчесто тостот го приготвуваме на стандарден начин. Еве Gotvi.mk предлог за еден поинаков, домаќински тост.

Состојки:

  • тост лепчиња
  • бело мешано сирење
  • шунка
  • печурки
  • маргарин или путер

Начин на подготовка:

  1. Лепчињата ги мачкате со малку маргарин од внатрешната страна.
  2. Врз едниот тост леб нанесувате од сирењето кое е рендани, малку подебело парче шунка и сечкани печурки.
  3. Поклопите со вториот тост леб и ставете на тостер.
  4. По кратко време премачкајте го тостот од надворешната страна со малку маргарин и вратете го на тостерот.
  5. Притиснете убаво додека сирењето не се стопи.

Уживајте во вкусот на храната и гответе со љубов 🙂