Витамински микс кој ја враќа енергијата

Витамински микс кој ја враќа енергијата

Некои денови се понапорни од другите. За да ја вратите енергијата, останете сити и успеете да завршите сè навреме, Леа препорачува да се напиете чаша од овој витамински микс. Еве што ви е потребно за да го подготвите.

Состојки:

  • свежи или замрзнати капини
  • свежи или замрзнати вишни
  • кефир или јогурт
  • ленено семе
  • ореви или лешници
  • цимет
  • благи бисквити

Начин на подготовка:

  1. Комбинацијата и балансот на состојките направете го според вашиот вкус.
  2. Ставете сè заедно во сад и блендирајте.
  3. Се послужува со дел од состојките одозгора по желба.

Доколку сакате да биде поблаго на вкус, можете да додадете и мед. На здравје!