Тимот на Gotvi.mk ја приготви оваа превкусна торта по рецепт на Сања. Не губете време, почнете со готвење веднаш, тортава е „прсти да излижеш“ 🙂
Потребни состојки за пандишпанот:
- 6 јајца
- 6 лажици шеќер
- 3 лажици какао
- 6 лажици брашно
- 1 прашок за пециво
Начин на готвење:
- Најпрво се матат јајцата и шеќерот и откако убаво ќе ги изработите се додаваат брашното, какаото и прашокот за пециво.
- Убаво промешајте да се соедини целата смеса и ставете ја во правоаголна тава да се пече околу 30 минути на температура од 250 степени.
- Откако ќе се испече, полијте со сок од лимон по целата површина и исечете на 3 ленти по должина.
Потребни состојки за филот:
- 4 јајца
- 1 маргарин
- 9 лажици шеќер
- 4 лажици мармалад од кајсија
- 300 грама кикирики (печени и мелени)
- 200 грама чоколадо за готвење
Начин на подготовка:
- Јајцата изматете ги заедно со шеќерот.
- Во друг сад посебно се изработува маргаринот и се соединува со претходно добиената смеса, мармаладот, кикириките и чоколадото за готвење.
- Откако ќе добиете компактна смеса започнете со филување.
- На крајот изрендајте одозгора по целата површина чоколадо по ваш вкус и украсете како на фотографијата.
На здравје!