Палачинки со мед и ореви

Палачинки со мед и ореви

Можете да ја зготвите солена или блага, со крем, џем, плазма… Gotvi.mk препорака за денес е да подготвите палачинка со мед и ореви.

Состојки:

  • 400 гр брашно
  • 2 јајца
  • 1 мала лажича шеќер
  • 1/2 мала лажичка сол
  • 2 шолји млеко
  • 2 шолји вода
  • 2 лажичи масло за готвење
  • 1 ванилин шеќер
  • мед
  • ореви

Начин на готвење:

  1. Во сад за матење ги ставаме брашното, шеќерот, солта, млекото, ванилиниот шеќер и јајцата.
  2. Со миксер кратко (околу 5 минути) матиме смеса од овие состојки.
  3. Во садот со добиената густа смеса за палачинки ја додаваме водата и продолжуваме со матење се додека не ја добиеме посакуваната густина.
  4. Откако смесата е подготвена во неа додаваме масло за готвење и ја оставаме да отстои половина час.
  5. Палачинките ги пржиме на загреано масло во тава.

Секоја палачинка премачкајте ја со мед и посипете со парчиња ореви.

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

За сите гурмани – Палачинки кватро салами

Солени палачинки

Палачинките на Леа

Посно: Палачинки без зејтин

Палачинки за 3 минути

Палачинки со мед и ореви

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Палачинки на кои не можете да им одолеете

Џиновска блага палачинка

singlepost_text