Печен спанаќ со јајца

Печен спанаќ со јајца

Јадење кое служи како вистинска детоксикација на организмот, а во комбинација со јајцата е одличен извор на железо. Еве како да го подготвите омиленото јадење на Попај 🙂

Состојки:

  • 1 кг спанаќ
  • 1 шолја ориз
  • 1 кромид
  • 2 јајца
  • 100 мл масло за готвење
  • 200 мл млака вода
  • црвен пипер
  • зачини

Начин на подготовка:

  1. Спанаќот убаво го чистиме и миеме. Исечкајте го со нож или кинете го на ситни парчиња.
  2. Ставете го во сад за готвење. Во истиот сад додадете го претходно исчистениот и измиен ориз.
  3. Изрендајте го кромидот и ставете во садот.
  4. Додадете црвен пипер, сол, црн бибер по вкус.
  5. Залејте го со маслото за готвење и млаката вода.
  6. Ставете го да се пече 30 минути во претходно загреана рерна на температура од 180 степени.
  7. Потоа, се додаваат јајца и се пече уште 10 минути.
  8. Сервирајте го со кисело млеко или со чаша јогурт.

Сè е вкусно кога готвите со љубов 🙂

singlepost_text