Освежителна салата

Освежителна салата

Никогаш доста од салата, особено подготвена за своја душа. Прочитајте го овој Gotvi.mk рецепт за вкусна и освежителна салата.

Состојки:

  • 1/2 зелена салата
  • 100 гр рукола
  • 100 гр млад спанаќ
  • 70 гр ореви
  • 1 портокал
  • пармезан
  • маслиново масло
  • зачини

Начин на готвење:

  1. Зелената салата, руколата и младиот спанаќ се сецкаат ситно и се ставаат во голем и длабот сад.
  2. Изрендајте половина од пармезанот и додадете во садот.
  3. Исецкајте ги ситно оревите. Изцедете го портокалот. Сецканите ореви и природниот сок од портокал додадете ги во садот. Зачинете со маслиново масло, сол, бибер и зачини по желба.
  4. Убаво промешајте ја салатата.
  5. Одозгора изрендајте ја останатата половина од пармезанот и наросете со мелен бибер во зрна.

Готви со љубов и уживај во храната 🙂