Тестенини во песто сос

Тестенини во песто сос

Брзо за подготовка, а јадење на кое никој не може да му одолее. Еве како да подготвите тестенини во песто сос по рецепт на Бојана:

Состојки:

  • 500 гр шпагети
  • 2-4 шолји свеж босилек (како замена може и спанаќ)
  • 2-3 чешниња лук
  • 50 гр ореви или индиски ореви
  • 50 гр растопен путер
  • 1/2 шолја пармезан
  • 150 мл маслиново масло
  • сол и црн пипер по желба

Начин на готвење:

  1. Босилекот или спанаќот убаво се мие и се става во блендер заедно со оревите и половина од маслиновото масло.
  2. Се блендира неколку секунди додека не добиете кашаста смеса.
  3. Во сосот се додаваат истолчениот лук, останатиот дел од маслиновото масло и пармезанот.
  4. Шпагетите ги варите според упатството на кесичката. Наместо шпагети, може да употребите макарони или фусили.
  5. Сервирајте како на фотографијата.

Повеќе рецепти со тестенини прочитајте тука

Рецепт за „Mac and Cheese“ како домашен специјалитет тука

На здравје!

singlepost_text