Телешка супа со куркума и брокула

Телешка супа со куркума и брокула

Прочитајте како да подгответе телешка супа со куркума и брокула:

Состојки:

  • 200 гр телешко месо
  • 2 моркови
  • 1 кромид
  • 3-4 чешниња лук
  • 1 тиквица
  • 2 лажици мелена куркума
  • 2 ловорови ливчиња
  • 1 китка брокула
  • зачини

Начин на готвење:

  1. Месото ставете го да се вари во посолена вода. Додајте малку црн бибер и ловорови листови.
  2. По неколку минути, додадете ги морковите, кромидот и тиквицата.
  3. Откако ќе се сварат, се пасираат со блендер и се врачаат во супата.
  4. Се додаваат куркумата, како и сецканите брокула, лук и магдонос.
  5. Се вари уште 5 минути.

Никогаш не е доста од супа 🙂 На здравје!

Прочитај поврзани рецепти:

Супа од зеленчук за намалување на килограми

Зеленчукова супа

Крем супа од брокула

Крем супа од моркови