Пита со спанаќ

Пита со спанаќ

Оваа е пита е лесна за подготовка, но е вкусна исто како сукана пита. Уживајте во вкусот на домашна пита по рецепт на Зорица.

Состојки:

  • 500 гр готови кори
  • 1 квасец
  • 200 гр минерална вода или млеко
  • 2 јајца
  • 8 супени лажици брашно
  • 1 филџан масло за јадење

 

Оставете го квасецот да стаса со малку шеќер и брашно. Потоа во него се додаваат маслото, млекото или водата, јајцата и брашното за да се подготви преливот.

Состојки за подготовка на филот:

  • 500 гр спанаќ
  • 250 гр сирење
  • сол по вкус

Начин на подготовка:

  1. Секоја кора се премачкува со преливот. Врз неа се става друга кора и се премачкува со преливот. Се става трета кора и се повторува постапката. Корите се виткаат во форма на ролати.
  2. Постапката објаснета претходно се повторува додека се потрошат корите.
  3. Ролатите се редат во тавчето и се преливаат со остатокот од преливот.
  4. По желба се поросува со сусам, ким и сл.
  5. Се пече 25 до 30 мин на температура од 200 степени.

По желба спанаќот може да се замени со зелка, месо, печурки, праз итн.

Лесно и вкусно и најважно подготвено со многу љубов 🙂 На здравје!