Омилената даска за мацкање на Влатко

Омилената даска за мацкање на Влатко

Малку домашен пинџур, малку пинџур од овогодинешната зимница, ѕаѕики сос, овчо сирење и пиперчиња полнети со павлака и кајмак – од ова се состои омилената даска за мацкање на Дарко.

Македонскиот домашен пинџур е лесен за подготовка, а се што треба се пиперки, домати и модар домат кои се ставаат во рерна и се печат. Откако ќе се испечат се лупат, а потоа се мелат.

Додаваме, изгмечен варен компир, сецкан магдонос, толчен лук и сол по вкус.

На крај преливаме со загреано масло за јадење.

Убав и вкусен викенд 🙂