Витамински појадок

Витамински појадок

Овој витамински појадок е за две лица и се состои од витаминска салата и варени или јајца на око.

Состојки:

  • 1 морков
  • 1/2 марула
  • 1 бела трупка
  • 1 црна трупка
  • 50 гр пченка
  • 6 проќељ (мали зелки)
  • зачини по желба

Начин на готвење:

  1. Морковот изрендајте го ситно.
  2. Зелената салата исецкајте ја ситно.
  3. Излупете ја кората од трупките и изрендајте ги.
  4. Доколку е пченката од конзерва додајте ја директно, а ако е замрзната сварете на според упатството на кесичката.
  5. Проќељ зелките сварете ги.
  6. Измешајте ги сите состојки за салата и зачинете по желба со маслиново масло, оцет балсамико и сол.
  7. Во секоја порција додајте по едно варено или јајце на око.
  8. Доколку сакате да ве држи сити подолг период сервирајте го во комбинација со леб.

Уживај во храната и готви со љубов 🙂