Домашна пица

Домашна пица

Готвењето домашна пица има посебен шмек и претставува задоволство за целото семејство. А, бидејќи сме на прагот на еден нов викенд, овој рецепт на Елка ќе ви даде идеја што да подготвите доколку ви доаѓаат гости.

Состојки за подготовка на тесто:

  • 500 гр брашно
  • 3 мали лажици сол
  • 2 големи лажици шеќер
  • 1 квасец или прашок за печиво
  • 1 шолја млеко
  • 200 мл вода
  • масло за готвење

Состојки за подготовка на пицата:

  • доматен сос
  • шунка
  • кашкавал
  • печурки
  • маслинки
  • маргарин
  • сусам

Начин на готвење:

  1. Од состојките замесете го тестото додека не добие мазна и тркалезна форма. 
  2. Оставете го во сад да стаса околу 1 час. 
  3. Истегнете го во претходно подмачкан плех за печење во форма за домашна пица (тркалезна или правоаголна форма). 
  4. На целата површина нанесете доматен сос или кечап. Краевите по целата површина намачкајте ги со малку маргарин. 
  5. Изрендајте го кашкавалот, а шунката нека ви биде исечена на тенки ленти. Ставете ги врз подготвеното тесто. За овој рецепт Елка употребила шунка на Пекабеско и ајдамер Амерланд. 
  6. На крај, додајте ги сечканите печурки и маслинки, посипете со сусам и ставете да се пече во добро загреана рерна според ваш вкус. 
  7. Исечете ја на парчиња и сервирајте.

Добар апетит!