Гурманска домашна плескавица

Гурманска домашна плескавица

За да го подготвите овој превкусен специјалитет потребно ви е следното:

Состојки:

  • 400 гр мелено месо
  • 200 гр сланина
  • 150 гр кашкавал
  • 150 гр печурки
  • маслиново масло и зачини

Начин на готвење:

  1. Во тавче се реди сланината која е исечена на долги и тенки парчиња.
  2. Врз сланината се става меленото месо (свинско или говедско измешано со пилешко месо) кое е зачинето со црн и црвен бибер, сол и нане.
  3. Откако ќе го ставите меленото месо, врз него ги додавате печурките,а најодозгора кашкавалот.
  4. Ставете малку маслиново масло и буковец.
  5. Краевите од сланината преклопете ги преку состојките и ставете да се пече 35-40 минути на температрура од 180 степени.

Гурманската домашна плескавица сервирајте ја на четвртини. На здравје!