Вкусни погачици

Вкусни погачици

Одличен рецепт за вкусни погачици кој ни го испраќаат Бисера и Билјана Делови. Еве како ги подготвите:

Состојки:

  • 1кг брашно
  • 1/2 литар млеко
  • 1 квасец
  • 1 пециво
  • 1 лажица сол
  • 50 гр семки од тиква
  • 50 гр сончоглед
  • 50 гр сусам
  • 50 гр ленено семе
  • жолчка
  • маргарин

Начин на готвење:

  1. Се замесува се заедно и се остава да стаса околу 40 минути.
  2. Кога ќе стаса се расукува кора дебела колку еден прст и се сечат мали погачици со чаша.
  3. Секоја погачица се премачкува со жолчка и врз неа се става малку маргарин.

Уживајте во готвењето 🙂