Ориз со зеленчук и краби

Ориз со зеленчук и краби

Пробајте го овој рецепт и ќе се вљубите во него од прва. Еве што ви е потребно за да о подготвите:

Состојки:

  • 500 грама ориз
  • 1 пакување краби
  • кромид
  • пиперка
  • брокула
  • 200 грама печурки
  • зачини

Начин на готвење:

  1. Во тавче со загреано масло ставете го исецканиот кромид и оризот да се пропржат околу 5 минути.
  2. Откако ќе се запржат, додадете ги исецканите печурки, брокула и пиперка. Тавчето прелијте го со 5 шолји вода.
  3. Мешајте додека не изврие водата.Доколку оризот не е доволно сварен, додадете уште малку вода и продолзете да варите.
  4. Во друго тавче ставете ги крабите да се пржат на тивок оган многу кратко време, според упатството.
  5. Потребно е само да добијат румена боја.

На здравје!

singlepost_text