Топено сирење со сланина

Топено сирење со сланина

Калоричен, но вкусен оброк кој можете да го поделите со својот пријател или пријателка 🙂

Состојки:

  • 200 гр мешано сирење
  • 100 гр кравји кашкавал
  • 100 гр сланина сецкана на коцки
  • 100 гр маринирани печурки
  • маслиново масло

Начин на готвење:

  1. Ставете го сирењето во длабок глинен сад, а врз сирењето ставете дебело исечено парче кашкавал.
  2. Сланината исечете ја на коцки. И печурките исецкајте ги и додајте ги во садот со малку маслиново масло и нане или оригано.
  3. Ставете го глинениот сад со состојките во загреана рерна на 200 степени и оставете да се топи 15-20 минути, а во меѓувреме промешајте неколкупати со дрвена лажица.
  4. На крај откако ќе го извадите сирењето да се лади можете да додадете свеж домат.
  5. По избор наместо сланина можете да додадете свински врат или печеница и малку феферонки за лут вкус.

Уживајте и на здравје!