Рози од јаболка

Рози од јаболка

Неверојатно вкусно, но и прекрасно за очи. Овој рецепт кој ни го праќа Ана ја има Gotvi.mk препораката. Еве како да подготвите рози од јаболка:

Состојки:

  • 1 пакување смрзнато лиснато тесто
  • џем од кајсии, сливи или јаболки
  • 3 до 4 свежи јаболки
  • лимон
  • шеќер

Начин на готвење:

  1. Јаболките се мијат и се сечат на половина. Секоја половина се сече на тенки ленти.
  2. Се ставаат во вода со лимон и шеќер. Садот се става 2 минути во микробранова печка.
  3. Лиснатото тесто се расукува и се сече на ленти од 4 см. Секоја лента се премачкува со џем што е растворен во вода.
  4. На половина од лентата се редат јаболките. Се превиткува лиснатото тесто на тој начин да се преклопи делот на јаболките што се над горната половина од лиснатото тесто.
  5. Се ролова и се става во калап за мафини претходно намачкан со маргарин.
  6. Се попрскуваат со цимет.
  7. Се пече на 220 степени околу 25 мин. 
  8. Се попрскуваат со шеќер во прав.

Готви со љубов 🙂