Буденик со урда

Буденик со урда

Gotvi.mk препорака за уште еден традиционален рецепт. Неодоливо вкусно јадење од кое нема насит. Уживајте во подготовката на буденик (пита) со урда по рецепт на Јелица.

Состојки:

  • 1 кг наменско брашно
  • 600 мл вода
  • 1 коцка квасец
  • 1 супена лажица сол
  • 1 мала лажичка шеќер

Начин на готвење:

  1. Од состојките замесуваме тесто. Се дели на 6 топчиња кои ги расукуваме на корички.
  2. Коричките се премачкуваат со маргарин или свинска маст и се поклопува со друга коричка.
  3. На овој начин се прават три кори. Од секоја се прави голема кора која се става во плех претходно намачкан со масло за готвење, се попрскува со масло и се става урда.
  4. Постапката се повторува и со другите две кори.
  5. Се остава да нарасне, се сече на парчиња и се става да се пече 35-40 минути во претходно загреана фурна на 200 степени.

Готви со љубов 🙂