Домашен леб со маслинки

Домашен леб со маслинки

Ако секаде кај што купувате леб, кроасан или кифла со маслинки ви фали некоја маслинка повеќе, Gotvi.mk има одличен домашен рецепт за вас.

Состојки:

  • 1 кг брашно
  • 30 гр квасец
  • 30 гр сол
  • 20 грама шеќер
  • 570 мл млака вода
  • 500-700 гр маслинки
  • масло за готвење

Начин на готвење:

  1. Со брашното, квасецот, солта, шеќерот и водата замесете тесто.
  2. Оставете го тестото да стаса околу 40 минути.
  3. Во меѓувреме исчистете ги маслинките од семките и секоја маслинка исецкајте ја на неколку дела.
  4. Исцедете ги маслинките и ставете ги во посебен сад.
  5. Со рака истегнете го тестото и ставете го во подмачкан со масло за готвење сад за печење.
  6. Врз него нанесете ги сецканите маслинки. По желба можете да додадете и зденки или рендар кашкавал.
  7. Преклопете го тестото и повторно оптегнете го во истиот сад за печење. Внимавајте тестото да не се скине или да не маслинките да не го пробијат тестото.
  8. Оставете го тестото да стаса дополнителни 20 минути.
  9. Лебот се пече максимум 40 минути на температура од 180 степени.
  10. Десетина минути пред да го извадиме од печење, одозгора премачкуваме со масло, маргарин или путер. Врз кората ставаме непечени семки од тиква, сончоглед, соја и ленено семе.

Уживај и готви со љубов 🙂

Повеќе поврзани рецепти:

ВИДЕО: Рецепт за леб кој не се меси

Тазе домашен леб

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта