Бомбици од пченица

Бомбици од пченица

Овој десерт не само што е многу вкусен, туку е и богат извор на витамини од Б групата. Еве што ви е потребно за да ги подготвите овие бомбици:

Состојки:

  • 1/2 кг пченица
  • 1/2 кг ореви
  • шеќер
  • ванилин шеќер
  • морско оревче

Начин на готвење:

  1. Сварете ја пченицата. Се остава 8 часа во тенџерето заедно со водата на собна температура.
  2. Пченицата се блендира и во блендерот се додаваат толчените ореви.
  3. По вкус се додава шеќер, ванилин шеќер и морско оревче. Убаво измешајте.
  4. Од смесата се формираат топчиња.
  5. Секое топче/бомбица убаво се поминува во сад со мелени ореви.

Добар апетит!

singlepost_text