Секељи гулаш

Секељи гулаш

Овој специјалитет Ива го подготви според традиционален унгарски рецепт. Името е специфично, но некои велат дека правилното име на ова јадење е Сегедински гулаш, според истоимениот град во Унгарија. Како и да е, ова јадење ја има Gotvi.mk препораката поради одличниот вкус.

Состојки:

  • 500 грама свинска кртина
  • 2 главици кромид
  • 1 кисела зелка
  • 20 зрна црн пипер
  • 1/4 лажичка ким
  • 1 голема лажица брашно
  • 2 децилитри кисела павлака
  • масло за готвење
  • црвен пипер

Начин на готвење:

  1. Во посебен сад на масло се пржи изецканиот кромид.
  2. Месото се сецка на коцки и се додава во истиот сад откако ќе се испржи кромидот.
  3. Се динста околу 15 минути покриено со капак.
  4. Потоа го додаваме црвениот пипер и една шоља млака вода. Се динста уште 15 минути.
  5. Киселата зелка ситно ја сецкаме сецкана и ја додаваме во садот, заедно со зрната црн пипер и кимот.
  6. Повремено се меша во времетраење од околу 25 минути.
  7. Пет минути пред да се тргне од оган, се додава додава смеса од една шоља млака вода убаво промешана со брашното и киселата павлака.

Добар апетит!

singlepost_text