Телешка чорба со домашно лепче

Телешка чорба со домашно лепче

Овој рецепт кој ни го испрати Ана ќе ни покаже како да зготвиме една поинаква телешка чорба која ја сервираме заедно со тазе печено домашно лепче. Еве го рецептот.

Состојки за подготовка на чорбата:

  • 200 гр телешко месо
  • 2 моркови
  • 80 грама карфиол
  • 1 компир
  • 1 домат

Начин на подготовка на чорбата:

  1. Телешкото месо и другите состојки го вариме во посебен сад.
  2. Морковите, компирот, карфиолот и доматот ги вадиме, пасираме и ги пропржуваме на масло. Потоа ги враќаме во водата со телешко месо.
  3. Откако ќе се свари, телешкото месо се сецка на ситни парчиња и потоа го враќаме во садот.
  4. Се зачинува со сол, црн пипер, една лажичка сенф и останати зачини по сопствен вкус.
  5. За време на целата подготовка севкупно вариме околу 45 минути.

Состојки за подготовка на леб:

  • 1 шоља ‘ржано брашно
  • 1 шоља пченкарно брашно
  • 700 грама бело брашно тип 400
  • 30 грама квасец
  • малку сол
  • 500 мл млака вода

Начин на подготовка:

  1. Измешајте ги сите состојки и замесете тесто.
  2. Оставете го тестото да стаса околу 40 минути.
  3. Ставете го во сад за печење кој претходно е подмачкан со масло за готвење.
  4. Оставете го повторно да стаса околу 20 минути.
  5. Печете на температура помеѓу 180 и 200 степени се испече по ваш вкус.

Сервирајте заедно и уживајте во храната. На здравје!

2 Коментари

  1. Pingback: Динстано телешко со печурки – Gotvi.mk

  2. Pingback: Зелена чинија со одличен вкус: Направете чорба од грашок – Gotvi.mk

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*