Печени тиквички со пилешко месо и зеленчук

Печени тиквички со пилешко месо и зеленчук

Вкусен и здрав оброк за двајца со калории доволно до закуска за вечера. Се што ви треба се две помали тиквички кои не мора да се лупат, но во тој случај, добро измијте ги.

Состојки:

  • 2 помали тиквички
  • 400 гр пилешки стек
  • 200 гр кашкавал
  • магдонос

Начин на готвење:

  1. Тиквичките исечете ги на половина по должината. Ставете им сол и маслиново масло по вкус.
  2. Вдлабнете ги малку и наредете го пилешкото кое е претходно исечено на коцки, посолете го и зачинрте го со црн пипер и босилок по избор.
  3. Доколку сакате, покрај пилешкото месо, можете да додадете и компир ситно сецкан на коцки или печурки.
  4. Врз месото изрендајте кашкавал и додајте магдонос.
  5. Прелијте го со маслиново масло и оставете го во рерна да се пече 30 до 40 минути на температура од 150 степени.

Пријатен апетит!

2 Коментари

  1. Pingback: Викенд ручек идеја: Тиквички во тесто со префинет вкус – Gotvi.mk

  2. Pingback: Стапчиња од тиквички – Рецепт кој ќе го правите секој викенд – Gotvi.mk

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*