Печурки на путер

Печурки на путер

За сите љубители на свежи шампињони подготвени на превкусен начин.

Состојки;

  • 500 грама свежи печурки шампињони
  • 1/2 главица ситно сецкан лук
  • 1/2 главица ситно сецкан кромид
  • 1/2 лажичка сол
  • 1 лажичка мајчина душичка или нане
  • 1/2 лажичка мелен бибер
  • 1/2 лимон

Начин на готвење:

  1. Печурките ги миеме добро и ги сецкаме на половина.
  2. Препорачливо е да ги пржите во вок тава бидејќи со путерот ќе добијат дополнителна боја и вкус.
  3. Додајте ги во тавата сите други состојки.
  4. Пржете ги 15-20 минути максимум и промешувајте за да бидат пржени од секоја страна.
  5. Ние ги сакаме пропржени, па затоа ги оставаме малку подолго на силен оган од вообичаеното.

На здравје!