Салата со мандарини

Салата со мандарини

Искористете ја сезоната на мандарини и подгответе сочна и вкусна салата. Оние што досега не пробале ваква комбинација, многу позитивно ќе се изненадат.

Состојки:

  • бејби спанаќ
  • кинеска или зелена салата
  • домати
  • ореви
  • пченка
  • мандарина

Начин на готвење:

  1. Количината на состојките ја одбирате по споствен вкус.
  2. Спанаќот и салатата ки кинете на мали парчиња.
  3. Доматите исечете ги на парчиња или користете шери домато пресечени на половина.
  4. Оревите е потребно да се исецкаат на ситни парченца. Ако користите конзервирана пченка истата е веднаш подготвена за конзумирање, додека, пак, замрзната пченка варете ја според упатството на кесичката. Мандарините ги лупите и убаво исчистете и додајте ги најодозгора на салатата.
  5. Се зачинува со сол, маслиново масло и балсамико сос по желба и вкус.

На здравје!