Згответе вкусен оброк богат со зеленчук за цело семејство. Се што треба е при рака да имате тиквица, модар патлиџан и свежи печурки.
Состојки:
- 1 тиквица
- 1 модар патлиџан
- 500 грама печурки
- маслиново масло
- морков и брокула по желба
Начин на готвење:
- Исецкајте ги тиквицата, модриот патлиџан и печурките на мали парчиња
- Ставете ги во вок тава тиквицата и модриот патлиџан, додадете малку маслиново масло, црн пипер и сол и пржете ги околу 10 минути.
- Во истиот сад додадете ги и печурките и продолжете да ги пржите уште 15тина минути додека да омекне зеленчукот и да се измешаат аромите и вкусовите на зеленчукот.
- По избор можете да додадете брокула и морков.
Пријатен ручек и на здравје 🙂