Пилешко со паста и песто сос

Пилешко со паста и песто сос

Овој превкусен рецепт ни го праќа Ива која за него се инспирирала од Кујната на Џејми Оливер. Еве како да подготвите пилешко со паста и песто сос.

Состојки:

  • 180 грама пилешко месо
  • 5-6 чешниња лук
  • 20 шери домати
  • 250 грама боранија
  • тврди јуфки или сечени лазањи за 4 лица
  • бејби спанаќ
  • зачини
  • масло за готвење
  • чили по избор
  • песто
  • пармезан

Начин на готвење:

  1. Пилешкото месо се става на мрсна хартија и се зачинува со сол, црн пипер и рузмарин. По вкус можете да додадете и семки од анасон.
  2. Месото се витка во хартијата и со сукало се тапка со цел да се впијат зачините во самото месо. На овој начин подебелиот крај се изедначува со потенкиот во облик на шницли.
  3. Во тавче за готвење се става масло и откако ќе се загрее во него ги ставаме парчињата месо. Се пече на средна температура помеѓу 7 и 8 минути.
  4. Во тавчето се додаваат чешнињата лук, а по вкус можете да додадете и малку чили.
  5. Месото се превртува неколку пати, а 5 минути пред крајот се додааат шери доматите кои се претходно добро измиени и пресечени на половинки.
  6. Боранијата (свежа исчистена или замрзната) се става во сад со врела вода. Се остава да се вари помеѓу 4 и 10 минути.
  7. Откако ќе се сварат, во истиот сад се додава пастата (тврди јувки или сечени лазањи).
  8. Пред самиот крај на варењето се додава малку бејби спанаќ и неколку мали лажички песто. Се сервира со песто сос и пармезан.

На здравје!

singlepost_text