Пилешка мучкалица со ориз

Пилешка мучкалица со ориз

Јадењата со пилешко место се навистина неверојатни. Со овој рецепт, Леа предлага да подготвиме навистина вкусно и разноврсно јадење. Одлично е во комбинација со свежа сезонска салата.

Состојки:

  • 1/2 килограм пилешки стек
  • 1-2 главици кромид
  • 1 чешне лук
  • 3-4 зелени пиперки
  • 2-3 домати
  • 1 мала лажичка вегета
  • сол, црн пипер и лута буковка по вкус
  • 1 шоља ориз
  • масло за готвење

Начин на готвење:

  1. Пилешкиот стек се сецка на парчиња.
  2. Се пропржува кромидот со лукот и во садот се додаваат парчињата пилешки стек додека се убаво не се пропржи.
  3. Во истиот сад се додаваат ситно исецканите зелени пиперки, излупениот и ситно исецкан домат,  зачините и една до две чаши вода.
  4. Се остава да крчка на средна температура околу 30 минути.
  5. Во посебно тавче се пропржува оризот со малку масло за готвење.Во тавчето се додаваат 3 шољи вода и мала лажичка сол.
  6. Се пече во рерна 20 минути на температура од 200 степени.

На здравје!

singlepost_text