Милиброд од интегрално брашно

Милиброд од интегрално брашно

Еве како да подготвите вкусен домашен десерт од интегрално брашно и мармалад. Рецептот ни го испрати Јелица Зафирова.

Состојки:

  • 1 килограм интегрално брашно
  • 250 грама шеќер
  • 1 пакетче квасец
  • 1 шоља за млеко
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 4 јајца
  • 1 жолчка од јајце
  • 1 шоља зејтин
  • 500 грама мармалад
  • 100 грама суво грозје

Начин на готвење:

  1. Квасецот, млекото, малку брашно и шеќер се замесуваат во посебен сад.
  2. Се додаваат јајцата, зејтинот и остатокот од брашното.
  3. Тестото се меси околу 10 минути и се остава да нарасне.
  4. Откако ќе нарасне се прави кора со дебелина на бисквит и се премачкува со мармалад. По вкус може да додадете и суво грозје или други суви плодови кои ги сакате.
  5. Тестото се мота во форма на ролат и се става во тавчe обложено со мрсна хартија.
  6. Потоа се премачкува со жолчка од јајце и се остава пак да нарасне.
  7. Милибродот се пече околу 40 минути на температура од 200 степени.
  8. Откако ќе се испече се остава 10тина минути да отстои, а потоа се сервира. По избор, откако ќе го исечете на парчиња, можете да му додадете и шеќер во прав.

На здравје!