Биено сирење на скара

Биено сирење на скара

За да го подготвите овој вкусен деликатес, се што ви е потребно е квалитетно биено сирење и добро исчистена скара на жар.

Состојки:

  • 200 грама биено сирење
  • 10 грама маслиново масло за готвење
  • оригано
  • црн пипер
  • домати

Начин на готвење:

  1. Исечете го сирењето по должина, а да биде дебело колку два прста.
  2. Врз сирењето полијте маслиново масло и потоа додајте малку бибер и оригано.
  3. Оставете го сирењето на скарата да се пече по 3 минути на секоја страна и на крај ќе добиете превкусен деликатес и совршено мезе кое можете да го сервирате со сочен домат.

На здравје!