Проја со сирење и праз

Проја со сирење и праз

Вкусно и здраво, а се подготвува многу едноставно. За сите кои уживаат во вкусот на проја со сирење и праз.

Состојки:

  • 10 супени лажици бело брашно
  • 10 супени лажици пченкарно брашно
  • 10 супени лажици кисело млеко
  • 10 супени лажици кисела вода
  • 1 кафена шоља зејтин
  • 1 пециво
  • 4 јајца
  • сол
  • 3 супени лажици сусам
  • 5 супени лажици дробено сирење
  • 5 супени лажици праз

Начин на подготовка:

  1. Прво се матат јајцата со солта, потоа бавно се додава зејтинот (како што се прави мајонез).
  2. Потоа со дрвена лажица бавно се додаваат останатите намирници.
  3. Се остава десетина минути да отстои и потоа се додаваат сирењето, празот и пецивото.
  4. Се пече 20 минути на однапред загреана рерна на 200 степени.
  5. Се сервира откако ќе се олади.

Рецепт за Брза проја тука

За рецепт за Куглоф проја со спанаќ и семиња тука

На здравје!

singlepost_text