Благо маки

Благо маки

Многу интересен рецепт кој ни го испрати Ана, а идејата за овој вкусен десерт ја добила при осмислувањето на Бадниковата посна трпеза.

Сосотојки:

  • 1 шоља ориз
  • 50 грама кандиран цитрон и портокал
  • 100 грама марципан
  • 50 грама сецкани бадеми
  • 1 кафена лажица какао
  • 1 кафена лажица мед
  • 1 лажица кокосово масло

Начин на подготовка:

  1. Ставете го оризот да се вари додека не стане леплив.
  2. Така сварен се расукува на алуминиумска фолија со дебелина од еден прст.
  3. Во средина се ставаат кандираниот цитрон и кандираниот портокал, а врз нив се додава марципан.
  4. Се витка и се посипува со сецкани бадеми и со прелив составен од какао, мед и кокосово масло.
  5. Исечете го на тркалца и сервирајте го.

На здравје!