Бамји со телешко месо

Бамји со телешко месо

Хранливо и вкусно јадење кое Gotvi.mk ви го препорачува да го подготвите за време на главниот оброк во текот на денот.

Состојки:

  • 500 грама месо (телешка кртина или плешка)
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 500 грама бамји
  • 2 домати

Начин на подготовка:

  1. Телешкото месо се сече на парчиња.
  2. Месото се пропржува заедно со кромидот и лукот.
  3. Во тенџерето се додава бамјата, доматите кои претходно ни се испасирани, 1 мала лажичка вегета, црн пипер, црвен пипер, како и 1 мала чаша вода. Убаво промешајте. Се вари помеѓу 30 и 40 минути.

На здравје!