Виенска шницла

Виенска шницла

Виенската шницла е еден од австиските специјалитети кои се многу познати и прифатени во нашата земја. Gotvi.mk ви го открива традиционалниот рецепт за подготовка на ова јадење.

Состојки:

  • 600 грама телешка шницла
  • 2 јајца
  • 150 грама брашно
  • 200 грама презла
  • масло за готвење
  • зачини по желба

Начин на подготовка:

  1. Месото исечете го на 4 парчиња. Убаво исчукајте го секое парче додека не ја добиете посакуваната дебелина. Ова може да побарате да го направат за вас и во најблиската месара или маркет.
  2. Рамномерно посолете ги парчињата месо и оставете ги малку да отстојат.
  3. Во посебен сад ставете ги јајцата и изматете ги со вилушка.
  4. Во други два сада ставете ги брашното и презлата.
  5. Секое парче прво го поминувате од двете страни во садот со брашно, потоа во садот со изматените јајца и на крај во презлата.
  6. Месото ставете го да се пржи во загреано тенџере со масло за готвење помеѓу 3 и 5 минути.
  7. Секое парче пржете го од двете страни, а откако ќе се испржи оставете го неколку минути да се исцеди.

Можете да гарнирате со компир салата, помфрит, тартар сос и слично, но во чинијата за сервирање задолжително додадете парче лимон и малку магдонос.

На здравје!