Вкусен појадок

Вкусен појадок

Појадокот е најважниот оброк во денот. Хранливиот и вкусен појадок ни дава енергија во текот на целиот ден. Пробајте го овој рецепт за вкусен појадок – лепче со ајвар, таратор и рукола.

Состојки:

  • 1 леб
  • 1 мала тегла ајвар
  • 1 краставица
  • 1 кисело млеко
  • маслиново масло
  • ореви, лук и копар
  • рукола


Начин на подготовка:

  1. Краставиците се лупат и сецкаат на ситни парчиња. Краставицата може и да се изренда.
  2. Во истиот сад се додава киселото млеко и малку маслиново масло. Состојките се мешаат додека не се добие таратор. По избор може да се додаде истолчен лук, ореви и копар.
  3. Парчињата леб се редат на рамна чинија. Врз нив се нанесува еден слој ајвар.
  4. Врз ајварот рамномерно нанесете од тараторот.
  5. Одозгора украсете со цели или сечкани ливчиња рукола.


На здравје!

singlepost_text