Пита со сирење од готови кори

Пита со сирење од готови кори

Питата е едно од омилените јадења во Македонија и пошироко. Секој рецепт е различен и превкусен. Gotvi.mk ви го претставува рецептот за пита од готови кори со сирење. Се готви брзо и ќе бараат од вас почесто да ја ставате на дневното мени.

Состојки:

  • 500 грама готови кори
  • 350 грама сирење
  • 200 мл. јогурт
  • 2 јајца
  • 3 шољи масло за јадење
  • 1 прашок за печиво
  • 1 чаша кисела вода

Начин на подготовка:

  1. Во посебен сад ставате ги сирењето, јогуртот, јајцата, маслото за јадење, прашокот за печиво и чашата со кисела вода и измешајте ги додека не се добие компактна смеса.
  2. Земете една кора и одозгора пропрскајте ја со масло за јадење. Врз неа додадете уште една кора која ќе ја пополните рамномерно со дел од претходно направената смеса. Завиткајте ги корите и смесата во форма на палачинка.
  3. Во тркалезен сад за печење, кој е претходно подмачкан редете ги кружно подготвените кори се додека не го пополните целосно.
  4. На крајот одозгора пропрскајте со малку кисела вода.
  5. Оставете ја питата малку да отстои. Во меѓувреме загрејте ја рерната. Печете на 180 степени во времетраење кое ви одговара според вкус.

На здравје!