Мафин пита со јаболка

Мафин пита со јаболка

Сосема ново доживување и вкус на традиционалната пита со јаболка. Мафин питата е неодолуво вкусна, но и одлична за сервирање на трпеза кога ќе ви дојдат гости или имате некој свечен фамилијарен ручек.

Состојки:

  • 4 готови кори пресечени на 3 дела
  • Шеќер во прав

Состојки за подготовка на филот

  • 3 рендани јаболка
  • 1 белка
  • 2 лажици шеќер

Начин на подготовка:

  1. Корите се сечат на 3 дела.
  2. Се подготвува филот за кој е потребно да се измати белката со 2 лажици шеќер се додека не се добие шлаг. Во филот се додаваат ренданите јаболка и убаво се промешува. Може да додадете и цимет по желба.
  3. Секој дел од кората се премачкува со масло за јадење и растопен путер.
  4. На корите им се додава рамномерно од филот, а кората се превиткува на половина. Потоа се витка во форма на полжав.
  5. Така свиткана секоја кора се става во претходно подмачкан со маргарин калап за мафини.
  6. Се пече во загреана рерна околу 20 минути на температура од 180 степени.
  7. Кога ќе се испече, врз мафин – питата се посипува шеќер во прав.

 

На здравје!