Тортелини со сланина и павлака

Тортелини со сланина и павлака

Италијанската кујна е одомаќинета во многу земји, а особено е популарна и во нашата земја. Денеска за ручек ви предлагаме да зготвите тортелини во бел сос со сланина и павлака.

Состојки:

  • 1 пакување тортелини
  • 100 грама сланина Пекабеско
  • 50 грама шунка Пекабеско
  • 200 грама Пекабела павлака на Пекабеско
  • свеж лук
  • зачини по вкус

Начин на подготовка:

  1. Тортелините се варат според упатството наведено на самото пакување
  2. Ситно исечканиот лук го ставаме да се пропржи
  3. На загреаното масло за јадење со лукот ја додаваме сланината исецкана на ленти.
  4. Пропржуваме кратко додека сланината не добие румена боја.
  5. Сварените тортелини ги ставаме во сад. Ги додаваме сланината и лукот.
  6. Во истиот сад додаваме 200 грама павлака. Промешуваме додека смесата не се соедини и додаваме оригано и други зачини по вкус
  7. Сервираме во посебен сад кој го украсуваме со шунка исечена на ленти.

На здравје!