Како да ја подготвите превкусната Рукола салата со шери домати?

Како да ја подготвите превкусната Рукола салата со шери домати?

Се што ви треба е 200 грама рукола, a за дополнителен шмек можете да измешате повеќе типови од овој лист, неколку шери домати и малку пармезан.

Состојки:

  • 200 грама рукола
  • 4-6 шери домати
  • 30 грама пармезан
  • маслиново масло
  • сок од лимон или оцет балсамико

Начин на подготовка:

  1. Измијте ја руколата добро и ставете ја во длабок сад за да можете лесно да промешате.
  2. Исецкајте ги шери доматите на половинки и додадете ги врз руколата.
  3. На крај додадете ситно исечкан на парчиња пармезан кој ќе даде длабок вкус.
  4. Додајте малку маслиново масло. Не додавајте многу за да остане крцкавиот момент од свежата рукола и на крај сосема малку балсамико или сок од лимон.
  5. Може да додадете пилешки стек или туна во салатата. Во тој случај наша препорака е да користите лимонов сок.

Како и секоја зелена салата се одликува со многу малку калории и многу витамини и минерали меѓу кои: витамин А, витамин Ц, витамините од групата Б, витамин К и многу антиоксиданси.

Калориметар:

200 грама Рукола – 20 калории
5 шери домати -15 калории
30 грама Пармезан – 124 калории
10 грама Маслиново масло – 88 калории
10 грама Лимонов сок – 2 калории

Вкупно: 249 калории

Ова сервирање е за едно лице. На здравје!