Чипс со кашкавал

Чипс со кашкавал

Кога ненадејно ќе ви се најават гости, најчесто немате многу време да подготвите нешто за да ги пречекате. Gotvi.mk ви предлага да подготвите чипс со кашкавал.

Состојки:

  • 1 големо пакување чипс
  • 300 гр кашкавал аајдамер
  • 1 мала тегла сос од домати (по домашен рецепт или купен)

Чипс со кашкавал 1

Начин на подготовка:

  1. Чипсот се става во плех.
  2. Врз него се ренда кашкавалот.
  3. Плехот се става о загреана рерна неколку минути додека кашкавалот не се стопи.
  4. Се послужува во чинија во која се додава кашкавал исечкан на коцки.
  5. Сосот од домати може да се приготви во домашни услови со употреба на 500 грама свежи или конзервирани домати или да изберете готов производ по ваш вкус. Во сосот можете да додадете босилок, лук и други зачини по желба.

Уживајте во мезето заедно со вашите гости. На здравје!

Фото: Андриана Николоска