Зеленчукова супа

Зеленчукова супа

Бистрата супа е одлично предјадење и особено важна за внесување на потребните хранливи состојки, како и за детоксикација на човековиот организам

Состојки:

  • 1 и пол литар вода
  • Половина пакетче замрзната Балканска мешавина
  • 1 компир
  • 1 мала брокула
  • 1 рака фиде
  • Половина китка магдонос
  • Посна зеленчукова коцка за супа
  • Масло за јадење
  • Сол и црн бибер

 

Начин на подготовка:

  1. Во тенеџере на оган ставаме 1 ½ литар  вода да зоврие. Во зовриената вода ја додаваме содржината од кесичката Балканска мешавина, компирот исецкан на коцки, фидето, посната зеленчукова коцка за супа, малку црн бибер и сол и малку маслиново масло.
  2. Вариме 15 минути. Потоа ја додаваме брокулата иситнета на помали парчиња и половина китка магдонос.
  3. Вариме уште 5-10 минути.

Супата ја сервираме топла со парчиња интегрален леб и лимон.

На здравје!

Прочитај поврзани рецепти:

Супа од зеленчук за намалување на килограми

Крем супа од брокула

Крем супа од моркови

Телешка супа со куркума и брокула

singlepost_text