Руска салата

Руска салата

Традиционално во зимскиот период, а особено за празничните трпези голем број семејства во Македонија и пошироко во регионот ја подготвуваат руската салата. Еве го нашиот рецепт.

Состојки:

  • 1 пакување мешавина за руска салата од Пекабеско
  • 3 варени јајца
  • 300 грама Пекабеско шунка
  • 300 грама кашкавал ајдамер Амерланд
  • 200 грама кисели краставички
  • 1 тегла мајонез
  • Сол и црн пипер по вкус

Начин на подготовка:

  1. Мешавината за руска салата на Пекабеско сварете ја според упатството на кесичката, исцедете и оставете да се олади.
  2. Ситно се сецкаат шунката и кашкавалот, како и киселите краставички и претходно сварените јајца.
  3. Целата содржина се спојува со мајонез и се зачинува по вкус.
  4. Добро се промешува и се остава да се олади во фрижидер, како и за да се соединат сите вкусовите.
  5. Се сервира во длабок сад со кругови шунка и француски магдонос или маслинки.


На здравје!

singlepost_text