Макарони со сланина

Макарони со сланина

Состојки:

  • макарони
  • сланина
  • кашкавал
  • горгонзола сирење
  • пармезан
  • павлака за готвење
  • зачини по желба

Начин на подготовка:

  • Се варат макароните според упатството на кесичката. Откако ќе ги процедите, ставете ги во подлабок сад. Додека се врели додајте ги кашкавалот, сирењето, горгонзола и пармезанот. Промешајте додека да се соединат состојките.
  • Во посебен сад за готвење пропржете ја сланината. Исцедена од маслото додајте ја во садот со макароните.
  • Потоа, прелијте ги макароните со павлака за готвење и додајте зачини по желба. По вкус, може да се додаде и ситно исецкан магдонос, како и свеж или лук во прав.
  • На крајот повторно промешајте и украсете со Пекабеско шунка. Се сервира топло.
  • За овој рецепт ние употребивме сланина Пекабеско и кашкавал ајдамер Амерланд.

На здравје!

 

singlepost_text