Француска салата

Француска салата

Оваа салата е актуелна за секој период од годината. Освежителен оброк кој е одличен како предјадење, па и како главно јадење во комбинација со домашни кифлички, но претставува и незаменлив дел од трпезата за голем број домашни прослави и настани. Постојат разни начини и рецепти за подготовка на оваа вкусна салата, а ова е еден од нив.

Состојки:

  • 300 гр мешано сирење
  • 300 гр шунка Пекабеско
  • 2 свежи краставици
  • 1 китка магдонос
  • 500 гр. павлака Пекабела
  • Бибер по вкус

  • Саламата ситно ја сецкаме на коцки.
  • Сирењето ситно го сецкаме или го рендаме на покрупната страна од рендето.
  • Краставиците се сецкаат и се процедуваат од вишокот вода.
  • Го сечеме магдоносот на ситни делчиња.
  • Во подлабок сад се мешаат сите состојки и им се додава Пекабела павлаката. Промешуваме добро за да се спојат сите состојки и потоа садот го ставаме во фрижидер да отстои 2 часа.
  • По желба можете да додадете 50-100 гр ситно сецкани ореви и бибер.

На здравје!