Состојки
- 1 марула
- 1 домат
- 1 туна конзерва Тимко
- 50 грама пченка
- 50 грама маслинки
- 1 краставица
- сол и зачини по желба
С=Начин на готвење
- Марулата ја миеме и ја оставаме да се исцеди.
- Краставиците ги миеме и ги лупиме.
- Доматот го миеме и сечкаме на ситни парчиња, а маслинките ги сечкаме на кругчиња.
- Замрзнатата пченка ја вариме според упатството на кесичката. За овој рецепт ние употребивме замрзната пченка на Пекабеско. Ставете ги сите состојки во сад за сервирање на салати.
- Потоа промешуваме и додаваме малку сол, масло за јадење и другу зачини по вкус. Најодозгора ставете ја исцедената конзерва туна. Исцедете и сок од свеж лимон и додајте го во салатата.
Добар апетит!
Прочитај поврзани рецепти:
Врап со туна кој се прави за 5 минути
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути